Протест на вработените во обложувалниците и казината: „Над 10.000 луѓе ќе останат без работа“

Предупредување дека повеќе од 10.000 вработени ќе останат без работа доколку се усвојат измените во Законот за игрите на среќа упатија денеска вработените од обложувалниците и казината. Тие денеска излегоа пред македонското Собрание на протест против измените на Законот за игри на среќа барајќи да присуствуваат на седницата на Комисијата за европски прашања.

Предложените измени од страна на Владата предвидуваат ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа. Односно, да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии. Се предвидува и тоа сите спортски обложувалници и казина да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основни и средни училишта.

Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа изјави дека ова ќе хја згасне ова стопанска гранка.

-Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени. Потценување на интелигенцијата е да се тврди дека дистанцата од 500 метри од образовни институции е заради заштита на младината, кога во исто време државата овозможува преку интернет, игрите на среќа да станат достапни буквално на секој мобилен и статичен уред. Преку онлајн игрите на среќа доволно е од дома некој да се вклучи на платформа и да игра, рече тој.

Стаменов изјави дека доколку се донесат измените на законот за игри на среќа, државата ќе изгуби најмалку 5 милиони евра во буџетот.

Васко Илијевски од АСОМ изјави дека зад измените на законот се кријат лични интереси.

-Нека излезат пратениците и нека ги погледнат луѓето во очи. Загрижува како пратениците носат ваков закон. Се кријат зошто носат ваков закон. Ова носи затворање на легалните приредувачи на игри на среќа. Личните апетити се поголеми од грижата за европскиот пат на Македонија, рече Илијевски.

Претходна вестМора да има „летања“ и од Владата за да се воведе ред во Контролата на летање
Следна вестХоландскиот амбасадор Коп со порака до Ахмети: Посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар