Бројните граѓани кои од сабота вечер протестираат против францускиот предлог пред зградата на Владата и кои сега ноќеваат по шаторите, не се оставени сами на себе. На различни начини ним ги помагаат скопјани.
Така, некои им носат вода, некои храна, некои им излегуваат во пресрет и на таков начин и што им дозволуваат да се измијат во сопствените домови.
Протестантите кои се постојано таму иако се не многу расположени за разговор сведочат за такви примери на солидарноста.
-Еве, утрово, добри луѓе ни донесоа пици, вода, лубеници… Ни нудат и помош да одиме во тоалети по нивните домови, за да ни биде полесно. Но, ние главната работа ја очекуваме од Владата, оти од таму порачавме од нивниот евтин ресторан – јастози, виски… Ама, еве, уште нема ништо, низ шега ни рекоа младите што седеа покрај еден од шаторите барајќи сенка.
Тие ни истакнаа дека не се обесхрабруваат и ќе бидат на врелото сонце се додека е потребно и додека Владата не се откаже од францускиот предлог.