Протести на судската и обвинителската администрација, Народниот правобранител и ФЗО

Вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител денеска ќе блокираат дел од градот поради неисполнетите барања за повисоки плати. Тие ќе протестираат пред Собранието и повторно ќе побараат да се исполнат нивните барања пред целосно да ги блокираат институциите.

Пред Министерството за здравство пак, ќе протестира и Независниот синдикат на здравствените работници со барање за поголеми плати.

Барањата се повисоки плати и револт кај судската и обвинителската администрација беа истакнати неколку месеци наназат како резултат на зголемните плати на јавните функционери судии и јавни обвинители. Тие побараа покрај зголемување на платите да им се исплатат и дотациите кои не и добиваат со месеци. Дополнително овие вработени се револтираа откако дознаа дека во буџетот за следната година не се планирани пари за зголемување на нивните плати.

-По овие нови информации кои ги добивме, мислам дека политиката, односно планот на Владата е во месец март кога ќе порасне минималната плата, такво усогласување да не добијат никој од вработените во јавен сектор, предупреди деновиве претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

На протестот ќе се појават најмногу вработените од судската и јавнообвинителската служба кои од 27 септември штрајкуваат барајќи исплата на додатоците на плата и зголемување на платите за 78 проценти, износ за кој беа зголемени платите на избраните и именуваните лица.

На протестот во петок решија да се приклучат и вработените од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), кои најавуваат штрајк, а доколку не се исполнат нивните барања, подготвени се на целосен прекин на работата.

– Вработените во Фондот за здравствено осигурување во Република Македонија имаат најниски плати од сите органи на државната управа. Над 50 проценти од нив, ниту со две плати не можат да ја достигнат минималната синдикална кошничка која сега изнесува 48,389 денари. Во споредба со останатите институции со кои ФЗО има сродна дејност, вработените во ФЗО имаат од 120 до 150 евра пониска плата за истото работно место, изјавиваат вработените во ФЗО.

И вработените во институцијата Народен правобранител се меѓу незадоволните.

-Излегуваме на протест заради тоа што веќе подолг временски период сме соочени со еден игнорантски однос од страна на државните институции, Владата и Собранието, најави заменик – правобранителот Јован Андоновски.

Претходна вестГолема полициска акција во Македонија, уапсени 20-тина криминалци
Следна вестКазнети над 150 возачи во Скопје, најмногу од нив за брзо возење