Протестна уметничко-скулптурална акција во Вардар како повик за изградба на пречистителна станица

„До каде е пречистителната станица за отпадни води“ е протестна уметничко-скулптурална акција која денеска е поставена во реката Вардар. Акцијата е на активистот Никола Писарев од Центар за современи уметности и претставува повик кон властите за конечно почнување со изградба на пречистителна станица во Вардар.

-Пречистителна станица е ургентна потреба. Вардар гледаме дека е син, меѓутоа тој е петта категорија загаден. Практично, се почесто станува мртва река заради загадувањето, кое дел е од индустриски капацитети, меѓутоа дел е и од фекалната канализација, изјави Писарев.

Претходна вестБојмацалиев:  Ќе се воздржам од коментари за обвинувањето во кривичната пријава до завршување на постапката
Следна вест„Левица“: Зошто власта ги крие вработените во Министерството за односи меѓу заедниците