Проверките во 3 училишта покажаа дека дојавите за бомби се лажни, се проверуваат уште 6

Во три училишта се завршени проверките и утврдено е дека е лажна пријавата за бомби, а проверките во останатите училишта се во тек, соопшти МВР по денешната нова епизода со пријавени бомби во 9 скопски средни училишта.

Попладнево неколку средни училишта во Скопје, како и вчера, добија мејлови со заканувачки содржини за поставени бомби. Учениците во овие средни училишта и денеска веднаш беа евакуирани. Потврдено е дека се работи за средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин”, „Орце Николов”, АСУЦ „Боро Петрушевски” и други.

Претходна вестАнтикорупционерка Ивановска: Имотните состојби ги „чешламе пеш“
Следна вестРаспишан тендерот за изградба на откупно-дистрибутивниот центар во Скопје