Првата македонска едрилица „Илинденка“ направена во 1955 година утре пред очите на граѓаните на Стенковец

Првата македонска возухопловна едрилица од стандардна класа „Илинденка“, произведена од претпријатието „20 Мај“ од Скопје се врати во земјава и ќе биде изложена за време на утrешниот аеромитингот по повод 100 години македонска авијација на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје.

Проектант и конструктор на едрилицата бил инженерот Мирослав Илиќ, а таа за прв пат е приозведена и тестирана во 1955 година. „Илинденка“ е изработена по принципот на дрвена конструкција со платнена обвивка и метални носечки и управувачки елементи.

Сега, „Илинденка“ е повторно во Скопје и подготвена да ги воодушеви љубителите на летањето во земјава на аеромитингот во сабота. Едрилицата станала светски позната по своето учество на Светското едриличарско првенство во Полска во 1958 година, како дел од репрезентацијата на Југославија, а во 1969 година летана од Павле Карушарев, член на аероклубот од Скопје, поставила македонски рекорд во траење од 9 часа и 8 минути.

Главен иницијатор за проектирањето и изградбата на оваа едрилица, како и основач на претпоријатието за производство на воздухоплови „20. Мај“ (подоцна претструктуирано и преименувано во „Алумина“) во Скопје е доајенот и основоположник на македонското цивилно воздухопловство Љубомир Тевчев. Тоа се наоѓало во близина на денешното средно училиште „Јосип Броз – Тито“ во Скопје. Покрај „Илинденката“, во оваа фабрика за воздухоплови се произведувале и едрилиците од типот „Чавка“ и „Врабац А“. Тевчев побарал помош од тогаш познатиот конструктор на едрилици Милош Илиќ, да конструира едрилица според насоките кои тој ќе му ги даде. Илиќ ги употребил сите свои знаења и умеења, но и искуства од градбата на претходните едрилици. Потоа, вработените, кои сите биле и воздухопловни ентузијасти, до почетокот на мај 1955 го завршиле прототипот на „Илинденката“, првата македонска едрилица. Вкупно биле изработени 6 едрилици од типот „Илинденка“. Последните две сочувани „Илинденки“ денес се наоѓаат во Музејот на воздухопловството во Белград на аеродромот „Никола Тесла“. Тоа се примероци од Илинденка 1Т со регистарски ЅУ 4108 и ЅУ 4109.

Освен „Илинденка“ на аеромитингот утре, посетителите ќе може да уживаат и во акробации кои се стандардни за аеромитинзи, а свое учество ќе земат и хероите на летните пожари, трите Air Tractor АТ-802А Fire Bossс на Дирекцијата за заштита и спасување кои ќе летаат во формација, потоа владиниот авион од типот Лирџет 60, полициските хеликоптери и авионот на воените сили Ми-17, а во низок лет ќе лета патничкиот авион Ербас А320 на авиокомпанијата Визер. Специјални гости ќе бидат авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција. Посебна атракција ќе приредат двата суперсонични пресретнувачи МИГ-29 на Српското воено воздухопловство кои, исто така, ќе биде дел од големиот Аеромитинг. Падобранците ќе го развеат најголемото државно знаме од воздух, а едриличарите ќе презентираат неверојатни акробации.

Аеродромските врати за посетители ќе бидат отворени во 9 часот, а официјалната програма почнува во 11 часот. Влезот на аеромитингот е бесплатен, а паркинг-местата се ограничени. На посетителите од Скопје им се препорачува, наместо со автомобил, на Стенковец да дојдат со бесплатните автобуси кои тргнуваат во 8.30 часот, од пет локации во Скопје: Автокоманда кај ЈСП, Транспортен центар, Ѓорче Петров кај пазарот на вториот кружен тек, Бутел кај Еделпром и салата Борис Трајковски. Автобусите ќе возат во двата правци до 19 часот.

Претходна вестУапсени 233 дилери, продавале дрога во близина на училишта
Следна вестОрбан: Време е за промени во ЕУ, граѓаните сакаат можност за семејство и одгледување деца, а не ЛГБТ прашања