Први помилувања на претседателката Давкова

Пред големиот празник Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на пет лица.

Одлуката е објавена во Службен весник.

Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица:

Андреј Методија Мојсоски од с. Селце

Миран Латиф Исмани од с. Слатино

Делумно пак се ослободуваат три лица:

Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци

Ванчо Делче Кржовски од Пехчево, во траење од 2 месеци

Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци

Ова е прво помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.

 

Претходна вестДимитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат
Следна вестПрва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија на Илинден