Полициски службеници од Полициската станица Струмица на 21.07.2022 во 22.00 часот во Струмица ги лишиле од слобода Џ.Ф.(27) и Т.Ш.(26), двајцата од село Банско, струмичко.
Како што информира МВР, тие се сомничат дека околу 21.30 во село Градско Балдовци, струмичко, физички го нападнале Џ.Т.(58) од село Градско Балдовци и му го одзеле неговиот трактор.
– Тие биле приведени во полициска станица, а тракторот бил пронајден и одземен од Џ.Ф.. За случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.