Две возила изгореа утринава на паркингот кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром.
Се дознава дека првин се слушнале експлозии и по што потоа возилата почнале да горат. На местото на настанот дошла и пожарна. Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возлата, а потоа го зафатил и другото возило.
Станува збор за возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски таблички и „БМВ“ со прилепски регистарски таблички. Се уште не е утврдена матријалната штета и причината за пожарот.