Првите вакцини преку КОВАКС ги доби Гана

Преку глобалниот механизам за размена на вакцини на Светска здравствена организација (КОВАКС) денеска се испорачани првите вакцини против Ковид-19.Авион со 600.000 вакцини на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, произведени во Институтот Срум во Индија денеска слета во главниот град на Гана, Акра.

Вакцини во Гана првенствено ќе добијат здравствените работници и високоризичните лица.

– Ова е значаен момент, бидејќи пристигнувањето на вакцини против Ковид-19 во гана е од пресудно значење за ставање крај на пандемијата, изјавија Ен-Клара Дуфи од УНИЦЕФ во Гана и претсатвникот на СЗО Франсис Касоло.

Нашата држава преку Ковакс механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината „Астра Зенека“, од која првата количина е планирано да стигне во март.

Од оваа вакцина за нас се предвидени меѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

Ковакс-механизмот претставува финансирање кое треба да овозможи 92 земји со мали или средни приходи да имаат пристап до вакцини против ковид-19. Но, поради недостаток на вакцини, првите испораки во сиромашните земји почнува дури сега, додека пак во побогатите земји кампањите за вакцинација почнаа кон крајот на 2020 година.

Претходна вестВо скопските ковид-центри се лекуваат 251 болен од корона вирусот
Следна вестПристигна и втората пратка од „Фајзер“ вакцините од Србија, денеска одлука за руската