По стотина новинари кои вчера се вакцинираа против ковид во Врање, Србија и по најавата на Независниот полициски синдикат дека договорил ваква акција и за македонските полицајци, Стопанската комора на Србија денеска објави дека се обезбедени 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот, меѓу кои и од нашата земја.
Според најавите од српската Комора тоа би било викендов во Белград, но од Стопанската комора на Македонија велат дека бесплатното вакцинирање ќе биде овој викенд во Ниш, со вакцините на „Астра Зенека“.
Владата засега не ги коментира овие акции. Но затоа ние ќе прашува јавно: Нели е ова срамно за државата?