Пукање во скопско Визбегово – повреден 20-годишник

Пукање во скопско Визбегово било пријавено синоќа во 20.30 часот.

Според информациите, едно лице е рането во нозете, по што било пренесено во Градската општа болница.

„ Едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од с.Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР.

Претходна вестРоманија и Чешка се противниците на Македонија за пласман на Светското првенство
Следна вестНови 24 починати и 1.837 заразени со ковид