Пукање на паркинг во Желино поради судски спор во Швајцарија

Вчера во 21.40 часот во СВР Тетово, Ш.Р. од тетовско Желино пријавил дека на паркинг во с.Сиричино од страна на Д.А., О.Р. од с.Чегране и уште едно лице било пукано со огнено оружје кон неговиот син С.А. од Желино, при што му била одземена и чанта со пари и лични документи.

Според пријавеното, С.А. и Д.А. имале нерасчистени должничко доверителски односи и судски спор во Швајцарија.

Увидна екипа од СВР Тетово извршила увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат и соодветни пријави.

Претходна вестДвајца браќа тепале маж додека не паднал во кома поради недоразбирање во сообраќајот
Следна вестПаднаа цените на нафтата на меѓународните пазари