Пукање во Чаир, тешко рането е едно лице

Во паркот на улица „Кемал Сејфула“ во Чаир денеска од огнено оружје било повредено едно лице. Случајот во СВР Скопје ги пријавиле од Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде бил пренесен повредениот.

–Денеска од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје, информираат од МВР.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестОставката на Дамева е единствената исправна одлука, велат од Владата
Следна вестМакедонските ракометарки убедливо поразени од Унгарија за крај на ЕП