Пукано во таткото на исчезнатиот Самоил, близок роднина на Љубе Бошковски

Денеска изутрина во скопската населба Лисиче било пукано во таткото на Самоил Костадиновски, кој исчезна на почетокот од март годинава и од тогаш нема информации за тоа каде е и што се случило со него.

Од МВР го потврдуваат пукањето.

-На подрачјето на Аеродром, едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Пренесен бил во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Веќе неколку месеци се трага по исчезнатиот Самоил, кој е внук на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски.

Претходна вестДесничарската Алтернатива за Германија достигна историски рекорд во популарност
Следна вестМожат ли експертите Марковски и Гаревски да се договорат како мостот „Беласица“ да биде сигурен за граѓаните?