Пунктот за промена на личните документи без закажување ќе работи и в сабота

smart

Пунктот за промена на личните документи без закажување во ПС Пролет и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и в сабота (16 декември). Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на личните документи без закажување во Полициската станица Пролет во Скопје ќе работи и на 16 делември, в сабота, од 8 до 16 часот.

Граѓаните што сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт тоа може да го направат без претходно закажување.

Исто така, в сабота ќе работат и шалтерите за издавање готови документи во објектите во МРТВ, од 8 до 20 часот, и Беко, од 8 до 16 часот.

Инаку, граѓаните масовно бараат преку социјалните мрежи ултимативниот рок кој го даде власта да се одложи за барем една година. Така ќе се избегнат големите редици на луѓе кои чекаат надвор на ладното или на дожд за да го исполнат наметнатиот услов од Владата – во личните документи да стои зборот „северна“.

Претходна вестСлучај „Ласкарци“: Обвинителот Јакимовски бара најстрога казна за обвинетите
Следна вестИ советниците на СДСМ во Карпош против висококатниците во ДУП-от за „Алумина“