Пушка и муниција се пронајдени во текот на вчерашниот ден, при претрес на викенд куќа во с.Ума гевгелиско од страна полициски службеници од секторот за недозволена трговија со дрога и оружје. Сопствениците М.П. (67) и Б.П.(60) и двајцата од Гевгелија биле повикани во полициска станица за документирање на случајот.
– Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и други простории во с.Ума, гевгелиско, сопственост на М.П.(67) и Б.П.(60), двајцата од Гевгелија. При претресот, во викенд куќата на Б.П. била пронајдена и одземена една ловечка пушка калибар 12 мм и седум патрони за неа, се вели во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.