Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека минатата година во Русија е забележана активност на повеќе од 400 агенти на тајните служби.
Путин на седницата на Одборот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) рекол дека е важно и натаму да се подобри заштитата на доверливите податоци и да се спречи истекување на доверливи воени и податоци за најновите технологии и истражувања на истражувачки центри и компании, јави агенцијата ТАСС.
– Ако разбирате, заштитата е многу важна за нас – рече Путин.
Инаку, руската медиумска агенција пренесува и дека лани во Русија биле спречени 72 кривични дела поврзани со тероризам.