Фудбалерите на Работнички го надиграат битолски Пелистер во воведниот натпревар од 26 коло на ПМФЛ
Екипата на Работнички забележа убедлива победа на Пелистер со 3-1 на натпреварот одигран попладнево на Националната Арена „Тодор Проевски“ во Скопје.
Популарните „романтичари“ победата ја најавија уште во првото полувреме со головите на Марио Станковски во 22-та и Ѓурѓевиќ во 36-тата минута.
Во второто полувреме Стефан Јевтоски погоди во 65-минута за 3-0, додека почесниот гол за гостите го постигна Валентин Кочоски во последната (90) минута од средбата.
Со трите освоени бодови Работнички се проби на 4.место на табелата пред Струга која има еден бод помалку.
Утре (13 часот) на програмата се останатите средбо од 26.коло, а двојките се:
СИЛЕКС – ВАРДАР
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА
БОРЕЦ – СТРУГА Т.Л.
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ