Кошаракрите на Работнички славеа убедлива победа над Шкупи со 103:68 во нивниот прв натпревар во новата година.
Победата на домашниот тим состав беше најавена уште по првото полувреме по кое имаа предност од 53:29, а во вториот дел сликата на теренот не се промени и нивната предност продолжи да расте.
Во еден момент таа изнесуваше и 48 поени разлика. До крајот Шкупи успеа само да го ублажи поразот на „минус 35“.
Ѓуроски од Работнички беше најефикасен со 22 поени, додека за Шкупи Арнолд и Златески уфрлија по 18.