Работнички по шест години го врати Миле Тодоров

Екипата на Работнички имаше полусезона за почит, откако есенскиот дел го заврши на делба на лидерската позиција заедно со Силекс и Шкендија.

Фудбалерите од Дебармаало веќе се на заслужен одмор, додека раководството започна со она што е негова задача во оваа пауза. Работнички утрово го потврди првото зимско засилување. Во тимот се враќа Миле Тодоров, играчот за врска кој пред неколку дена го раскина договорот со Тиквеш.

На тој начин 25-годишниот фудбалер се враќа во редовите на поранешниот македонски шампион, каде што играше во сезоната 2017/18, кога направи трансфер во Хрватска.

По враќањето во Македонија, Тодоров настапуваше уште за Победа, ФК Скопје и на Тиквеш.

Претходна вестНовиот кум и здравичарот за Бадник во Скопје: Чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема
Следна вестАндоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите