Работник од Турција загина во центарот на Скопје

Државјанин на Турција загина при изведување на градежни работи во центарот на Скопје. Телото на починатиот било дадено на обдукција

– На 02.05.2023 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека од објект во изградба на подрачје на Центар со повреди се здобил работникот Ф.А.(34) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Од здобиените повреди Ф.А. нешто подоцна починал, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестУкраден штитот на Александар Филхелен од мостот на цивилизациите во Скопје
Следна вестУапсени 15 чланови на Кавачкиот клан