Раде Стојановиќ е нов тренер на Тиквеш

Едно од најпријатните изненадувања минатата сезона, екипата на ГРК Тиквеш во пролетниот дел од тековниот шампионат ќе има нов тренер.

Радослав Стојановиќ од денес е новиот шеф на стручниот тренерски тим на екипата од Кавадарци.

-Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари.

Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натепревар и за секој бод во плеј офот, порача Стојановиќ.

Инаку новиот стратег на „лозарите“ е актуелен селектор на машката младинска селекција на Македонија

Претходна вестПотрошувачката кошничка за декември 56 илјади денари
Следна вестСончево со малку облаци