Бугарскиот претседател Румен Радев, кого го критикуваат за поддржување на Русија, не планира да ја предводи бугарката делегација и да присуствува на самитот на НАТО планиран за јули во Вашингтон, соопшти неговиот кабинет во четвртокот.
Како причина е наведена политиката на владата кон Украина. Радев одбива да ја предводи бугарската делегација на самитот на НАТО поради несогласувањата со бугарската влада за некои позиции на земјата на самитот, соопштија од прес-службата на претседателот. Ова особено се однесува на обврските што Бугарија ги презеде по прашањето за војната во Украина, соопшти канцеларијата.
Сепак, Радев остро ја осудува руската инвазија уште од првиот ден на војната, се вели во соопштението. Потегот на Радев доаѓа откако бугарската влада го одобри ставот на Бугарија за самитот на НАТО од 9 до 11 јули, во доверлив документ кој првично не беше објавен.
Радев, поранешен генерал-мајор и воен пилот на авиони, кој некогаш ги водеше бугарското воено воздухопловство а во 1992 година дипломирал на ескадриската офицерска школа „Максвел“ во САД, не гледа воено решение за руската војна против Украина и постојано ја критикуваше бугарската влада за зголемената воена помош за Киев на сметка на ослабување на бугрската одбрана, и тврдејќи дека испораките на оружјето само ја продолжува војната.