Ракометната репрезентација на Македонија синоќа ја израдува македонската јавност. Убедливо го победија светскиот прват – Данска. Радоста е уште поголема, што со оваа победа македонскиот бомбардер Кире Лазаров покажа дека е подготвен и има знаење и како селектор да ја води репрезентацијата.
Нашите репрезентативци ја диктираа играта во сите 60 минути на теренот како да не ги имаа за противници светските шампиони кои само пред два месеци владеења на СП во Египет. Браво!
Радува пожртвуваноста и решителноста која ја покажаа сите ракометари. Радува и фактот дека одлични ракометари од старата генерација се вратија во репрезентацијата. Радува и тоа што комбинацијата на искуство и младост проработе на најдобар начин.
Радува и податокот дека по големата победа над Данска, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов веднаш кажа дека следат награди за ракометарите. Репрезентативците ќе добијат 20.000 евра.
Радува и тоа што со оваа победа над Данска, македонската репрезентација се наоѓа на скалило од обезбедување на пласман на ЕП 2022.
– Во моментов сум цврсто на земја. Сега да се наспиеме, да се одмориме и да видиме како ќе се подготвиме за мечот во Данска. Уште еднаш огромна благодарност до јавноста затоа што веруваше во нас. Ова е само почеток и јас знам што е спорт и го знам нашиот македонски менталитет, истакна рече Лазаров по натпреварот.
Во очекување на нови радости, радува и скромноста и приземноста на Лазаров.