Ракометарите на Вардар 1961 ги добија притивниците во Лигата на Европа

Ракометарите на Вардар 1961, по денешната ждрепка во Виена, ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во фазата по групи во лигата на Европа.

Црвено-црните ќе се натпреваруваат во Ф групата, засега сигурен противник им е Порто, а останатите ќе ги дознаат по одигрувањето на квалификациските дуели меѓу Мелсунген и Еверун, односно Валур и Спачва Винковци од Хрватска.

За очекување е покрај Вардар и Порто во групата да бидат Мелсунген и Валур.

Првото коло ќе се одигра на 8. октомври, кога во Скопје ќе гостува Валур или Спачва Винковци, во втората рунда Вардар ќе гостува кај Мелсунген или Елверум, а потоа следуваат два натпревари (дома/гости) со Порто. Во претпоследното коло Вардар ќе гостува на Исланд или во Хрватска, а во последното коло ќе го пречека Мелсунгем или Елверум.

Претходна вестДиректорот на ТИРЗ ја посети фабриката на Текнопанел во Скопје
Следна вестНазначени 14 нови в.д. директори на јавни здравствени установи