Македонските ракометарки го доживеаа третиот пораз на Европското првенство (ЕП) на плажа, откако денеска загубија од Португалија со 0-2 во сетови.
Избраничките на Златко Мојсовски и Ања Алтхаус го загубија првиот сет со 12-20, додека во вториот беа поконкурентни и дадоа поголем отпор, меѓутоа Португалија беше подобра со 17-14.
Најефикасна во македонскиот состав беше Ивана Божиновска со пет гола, додека Диневска запиша три погодоци.
Ракометарките вчера беа поразени двапати, и тоа од Украина и Холандија со по 0-2 во сетови.