Ракометарките и третпат загубија на ЕП на плажа

Македонските ракометарки го доживеаа третиот пораз на Европското првенство (ЕП) на плажа, откако денеска загубија од Португалија со 0-2 во сетови.

Избраничките на Златко Мојсовски и Ања Алтхаус го загубија првиот сет со 12-20, додека во вториот беа поконкурентни и дадоа поголем отпор, меѓутоа Португалија беше подобра со 17-14.

Најефикасна во македонскиот состав беше Ивана Божиновска со пет гола, додека Диневска запиша три погодоци.

Ракометарките вчера беа поразени двапати, и тоа од Украина и Холандија со по 0-2 во сетови.

Претходна вестМајка и ќерка се тепале во Гази Баба
Следна вестМанијак во Ѓорче допирал малолетнички и им нудел алкохол