Рама: Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека не верува оти неговата земја ќе стане членка на Европската Унија до 2030 година и покрај најавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На панелот на лидерите на Бледскиот стратешки форум, на тема „Солидарност за глобалната безбедност“, Рама во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, рече дека се чувствува „трагично оптимист“, јави албанската агенција „Балканвеб“.

Тој нагласи дека ЕУ треба повеќе да ги поддржува земјите од Западен Балкан, а не само да критикува.

– Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ. Земјите кои влегуваат на патот на ЕУ до моментот кога ќе станат членки, не само што треба да имаат реформи и критики, кои се неопходни, туку да имаат и поддршка. Не велам од финансиска гледна точка, туку и од нашиот пристап до заедничкиот пазар и поголем простор за нашите претпријатија, рекол Рама.

 

 

Претходна вестМакрон ги измеша брзините за ЕУ, ќе биде ли Брисел сега уште поспор?
Следна вестЕгзодус во Прилеп, 300 деца отпишани за шест месеци поради селење во странство