Ранет маж внесен во стара Градска болница, едно лице со пиштол се заканувало на полицијата

Едно лице кое е рането е пренесено во Градската болница „Свети Наум Охридски“ а друго со пиштол и се заканувало на полицијата кај зградата денеска околу 14 часот. Моментно, зградата на болницата е опкружена со голем број на полициски службеници кои не дозволуваат пристап до неа.

Како што пренесуваат повеќе медиуми, возило марка “Голф 5” влетало во болницата, а едно лице извадило пиштол и го вперило кон полицајците кои биле на самото место. Неофицијално се дознава дека претходно имало обид за убиство во населбата Цементара. Наводно, станувало збор за пресметка меѓу две семејства. По инцидентот, рането лице било донесено со возилото во Градската болница.

Полицијата го расчистува на случајот.

Претходна вестСилјановска: Собраниската фабрика за 2 месеци произведе 170 закони, а во законот за попис не вметна европски регулативи
Следна вестЕден загадувач помалку, газдата ја затвори кочанската фабрика „Пејпер Мил“