Ранета пукала до последниот куршум: Ибе Паликуќа имала само 17 години кога го дала животот за слобода

Македонија низ историјата има многу жени херои. Младата партизанка Ибе Паликуќа е едната од нив. Ја споменуваме денеска затоа што токму на овој ден (22 септември) во 1944 година тоа 17 годишно девојче го дало животот за ослободување на Македонија од фашизмот и окупацијата.

На 20 септември 1944 година борците на Шестата македонско-албанска народноослободителна бригада на НОВЈ воделе борба против балистите на периферијата на Кичево. Младата паризанка Ибе Паликуќа наеднаш паднала, но продолжила да пука од својот автомат. Но, веќе не можела да оди. Нејзината другарка Вера Богдановска во своите сеќавања запишала дека видела крв на нејзината униформа и дека Ибе и порачала да ја остави.

-Ми рече решително, оди си, јас не можам, ранета сум, некој треба да ја држи остапницата, те молам оди, само дај ми го шаржерот, се сеќава Богдановска.

По последниот куршум балистите ја заробиле. Ибе починала по два дена на само 17 годишна возраст, не дочекувајќи да се победи непријателот, да се живее во слободата и заедништвото во Македонија.

Така завршил животниот пат на младата Ибе Паликуќа која потоа на 8 октомври 1954 година беше прогласена за Народен херој на Југославија, како една од седумте жени од Македонија кои го добиле ова значајно признание и една од најмладите народни херои во поранешна Југославија.

Родена е во Дебар во 1927 година, во семејство во кое таткото бил оџа и кое, како и повеќе други албански девојки ја подготвувало да биде домаќинка. Но, Втората светска војна сето тоа го смени. Војната и италијанската окупација ја затекуваат во Дебар, а нејзиното семејство е антифашистички настроено.

Претходна вестГарантираните цени ќе бидат ли единствена мерка на Владата против високата инфлација?
Следна вестБугарски активист со закана до Македонците во Пустец: „Ќе ви ги земеме пасошите ако не се пишете Бугари“