Пет тешки кражби кои се случија во текот на изминатиот месец добија разрешница. Имено дваесет и седум годишниот С.Р. од Куманово кој „оперирал“ во неколку домови, денес е лишен од слобода.
– Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. од Куманово. Тој се сомничи дека изминатиот месец извршил пет кражби од приватни имоти, се вели во соопштението од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.