Расте бројот на починати од ковид: 33 лица за 24 часа и нови 1.422 заразени

Нов црн рекорд е регистриран денеска во Македонија со 33 починати лица од вирусот за 24 часа, меѓу кои најмладото има 38 години.

Најмногу, 12 пациенти, се од Скопје (од 38 до 83 годишна возраст), по 3 пациенти од Тетово (69г,60г,41г) и Кавадарци (78г,77г,71г), по 2 пациенти од Битола (83г,65г), Прилеп (73г,68г) и Ресен (75г,66г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г).

Во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи, од кои најмногу во Скопје – 618.

Регистрирани се 457 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.

Претходна вест13 години затвор за убиството на матурантот Ангел Петковски
Следна вестНашата масовна вакцинација почнува викендов, ама во Белград