Вчера кумановската полиција ги приведе Д.С.(19) и Д.С.(28), двајцата од Куманово.
Тие се сомничат дека пред три дена на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.