Разбојништво на бензинска во Куманово

Вчера кумановската полиција ги приведе Д.С.(19) и Д.С.(28), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека пред три дена на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПет лица се приведени во врска со случајот за исчезнувањето на Вања
Следна вестВардар во Ѓорче Петров стави крај на серијата од четири порази