Разбојници ограбиле обложувачница

Двајца вооружени разбојници ограбиле обложувачница во Гази Баба, а едниот од нив пукал со пиштол и го нападнал вработениот.

Според информациите на МВР, вчера околу околу 20,10 часот во полиција било пријавено дека во спортска обложувачница на подрачје на Гази Баба, две лица со закана украле пари, а едното од нив двапати испукало од пиштол, а потоа физички го нападнал вработениот С.З.(51) од Скопје.

Од МВР велат дека зе преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестЗа 36 отсто намален бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи
Следна вестНови 613 заболени и 25 починати од коронавирус во Македонија