Речиси 400.000 граѓани пријавени за вакцинација, досега вакцинирани 220.000

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 398.243 граѓани.

Претходна вестСкопјани покажаа свесност за кабастиот отпад
Следна вестСиндикати: Намалување на комуналните давачки или граѓанска непослушност