Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г), по едно починато лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г), сите во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021: едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години,од кои две се починати во болнички услови ,а две се починати во домашни услови.
Направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7, Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 415 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875, од кои 3.414 во Скопје.