Речиси ист број на починати и на нови заразени за 24 часа

Во последните 24 часа, од направени 1.489 тестирања, регистрирани се 14 нови случаи на ковид-19, додека бројот на починати е 13.

Најмногу од починати лица се од Скопје и Гостивар – по 3, по едно лица од Струмица (80), Кавадарци (86), Прилеп (70), Кочани (76), Тетово (68), Гевгелија (50) и Валандово (72). Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а другите 8 во болнички услови.

Од новите заразени во Скопје се 10 и по еден случај во Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод.

Регистрирани се 103 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686, од кои 1.087 се во Скопје.

Претходна вестОбвинение на струшкиот гинеколог Асани, но за дивата ординација, а не за родилката од Дебар
Следна вестГолем пожар во Чаир, 8 пожарникарски возила се борат со огнените јазици