РЕК Битола работи на декаробнизацијата, ама тешко да се откаже од јагленот

Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) Битола има ново раководство, но останува со старите проблеми и предизвици. Во пресрет на грејната сезона, главниот акцент ќе биде ставен на производството на струја, но со оглед на тоа дека до крајниот производ се доаѓа со откоп и преработка на јаглен, и оваа година РЕК ќе се најде помеѓу „кафеавата“ и „зелената“ енергија.

Глобалната мрежа на еколошки навладини организации Бенквоч со седиште во Прага во најновиот извештај повторно посочува на зголемено загадување од јаглен во државите од регионот кое доаѓа од работата на застарените термоцентрали. Во извештајот, еко-активистите предочуваат дека зголемено е загадувањето на воздухот со сулфур диоксид, а над дозволеното ниво се емисиите на прашина и азотни оксиди. Илустрирано со бројки, емисиите на сулфур диоксид во државите од Западен Балкан се 5,7 пати повисоки од дозволеното ниво, со што директно се прекршени правилата за контрола на загадувањето утврдени со Договорот за Енергетска заедница.

РЕК Битола е најголем загадувач на возухот

Според документ на Бенквоч, во Македонија, битолската термоелектрана е најголем загадувач на возухот, а емиисиите на сулфур диоксид се 10 пати поголеми од дозволениот лимит, со што директно и штетно се влијае врз здравјето на населението.

Со документот запознати се и во ЕСМ од каде за МИА информираа дека остануваат посветени на развојот на енергетскиот потенцијал преку проекти кои се дел од процесот на декарбонизација, без притоа да наведат детали.

-Зелената транзиција на која компанијата посветено работи, а која е дел од Националната стратегија за енергетика, предвидува сериозни инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. На долг рок, очекуваните ефекти ќе се одразат не само врз зголеменото и стабилно производство на електрична енергија, туку и во областа на заштитата на животната средина. Притоа, зелената транзиција мора да биде и праведна транзиција, односно одржливиот енергетски развој нема да ги стави само во оптимален капацитет енергетските ресурси, туку и ќе креира работни места во секторот на зелената економија, велат од ЕСМ.

Претходна вестВработените во ЈП Улици и патишта не земале плата за септември
Следна вестМеџити: Законот за бранителите ќе остане заглавен