Темно Режим Светло Режим

Реконструиран булеварот „8. Септември“, ќе завршат ли и гужвите на улиците?

Завршена е реконструкцијата на булеварот „8.Септември во општина Карпош, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи, а со тоа завршува и градежната офанзива за оваа година во која реконструирани и во изградба се вкупно 21 сообраќајница, објави денеска Градот Скопје.

На овој булевар е извршена комплетна реконструкција на коловозот, реконструкција на тротоарите, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска упати благодарност до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение кое беше неопходно за во исто време да се реконструираат голем број улици.

– Не застануваме тука, продолжуваме со изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли – рече Шилегов.

Каков ќе биде ефектот од досегашните реконструкции и дали со тоа ќе се намалат гужвите на скопските сообраќајници останува да се види. Но, скопјани се уште ги чекаат капиталните сообраќајни проекти ветени од Шилегов – тунелот под Кале, мостовите на Вардар, спуштена крстосница кај „Мавровка“…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Полицијата заплени златни монети, претресени три домови

Следниот Пост

Кондово ја доби својата прва градинка во која има место за 80 деца