Заев ќе донира амбулантно возило за струмичката болница

Премиерот Зоран Заев за време на денешната посета во Општата болница во Струмица ќе реализира лична донација – амбулантно возило за потребите на болницата, информираат од владината прес-служба.

Во рамки на посетата, предвидено е Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, да се состанат со директорот на струмичката болница, Наќе Гогов.

По средбата, тројцата ќе дадат изјави за медиумите.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Здравствениот систем е надвор од контрола, Филипче да поднесе оставка
Следна вестПриведени двајца крадци што краделе од 16 возила во Шуто оризари