Приведени двајца крадци што краделе од 16 возила во Шуто оризари

На 14.11.2020 полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР ОКР Чаир ги приведоа А.И. (18) и Ш.М. (26) од Скопје поради извршени 16 тешки кражби во возила на територијата на општина Шуто оризари.

Тие со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудио опрема и други предмети. При приведувањето, пронајдени се дел од предметите и се вратени на сопствениците. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до обвинителството.

Претходна вестЗаев ќе донира амбулантно возило за струмичката болница
Следна вестQuo vadis Вардаре?