Запленета огромна количина на фалсификувана роба во САД. Имено, две лица се уапсени во Њујорк откако поицијата заплени фалсификувани стоки вредни над милијарда долари, јавија американските медиуми
Обвинителите ја објавија „најголемата досега заплена на фалсификувана стока во историјата на САД“ – околу 219.000 лажни чанти, чевли, облека и други предмети.
-Запленетите стоки се со проценета малопродажна вредност над милијарда долари, најголемата досега заплена на фалсификувана стока во историјата на САД, рече федералниот обвинител Демијан Вилијамс.
Фотографиите објавени од Канцеларијата на американското правобранителство за јужниот округ на Њујорк покажаа магацински простории со лажни дизајнерски чанти,чевли и облека.
Од јануари до крајот на октомври, двајцата приведени, Адама Соу (38) и Абдулаи Јалох (48), воделе голем бизнис со фалсификувани стоки на Менхетен, соопштија властите.