Ректорот Јанкуловски побара имунизација на вработенитe пред испитната сесија

Да почне вакцинацијата на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ пред претстојната испитна сесија, побара денеска преку отворено писмо ректорот Никола Јанкуловски. Тој изразува незадоволство поради тоа што надлежние органи до сега не одговориле на барањата на УКИМ да дојдат на ред за имунизацијатаиако се работи за образовна инстотуција со најмногу вработени и студенти.

-Пред извесно време Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се обрати до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот. До сега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип. Ја поздравувам имунизацијата на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, но истовремено тоа го сфаќам како дискриминација, бидејќи не добивме никаков распоред за имунизација на универзитетите што укажува дека имунизацијата се одвива без да се води сметка и за другите универзитети. Ова од причини што очекував дека штом вработените на еден универзитет се вакцинирале, дека надлежните да имаат распоред и за другите универзитети и дека за распоредот ќе бидеме известени, но за жал изгледа такво нешто не постои, потенцира во писмото ректорот Јанкуловски.

Тој истовремено упати и прашање до надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование?

Претходна вестПродај ја македонската почва, држи се за скапите хонорарци и советници
Следна вестВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти