Младата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ со 2:1 ја порази противничката од Велика Британија, Џејд Џонс, во осминафиналето на Олимписките игри во Париз, во категоријата до 57 килограми. Британката е двократна олимписка шампионка, а ова беше олимписко деби за Релиќ.
Уште на самиот старт од борбата Рељиќ најави дека може да биде достојна противничка.
Првата рунда македонската претставничка ја доби со 7-6, а клучен беше еден удар со нога на 20-тина секунди пред крајот на рундата. Втората рунда и припадна на Џонс со 4:5, додека во одлучувачката трета рунда резултатот беше 1:1. Рељиќ беше победничка поради поголемиот број удари.
Оваа победа на македонската претставничка силно одекна и во Велика Британија каде што пишуваат дека Рељиќ го срушила големиот сон на Џонс да стане прва таеквондистка со три злата од Олимписките игри.
Македонската репрезентативка сега ја чека нов предизвик, и тоа против Летиција Аун од Либан.
Аун ја има улогата на 11-та носителка, што, секако, ѝ дава за право на Рељиќ да се надева дека може да се пласира и во полуфиналето. Сепак, не треба да се заборави дека Аун само пред неколку месеци стигна до бронзениот медал на Азиските игри во категоријата до 57 килограми.