Рељиќ загуби во 1/4 финалето, но и натаму има шанси за медал

Македонската претставничка во таеквондо на Олимписките игри во Париз, Миљана Рељиќ, беше поразена од Летициа Аjун од Либан.

Борбата беше апсолутно израмнета, Летисија Ајун ја доби првата рунда со 9-8. Во втората беше уште поизрамнето, таа рунда заврши со 6-6, а Македонката загуби само поради тоа што противничката имаше удар во глава кој тежи повеќе.

Ајун во полуфиналето ќе се бори со светската шампионка Нахид Киани. Ако Либанката победи и се пласира во финалето, тоа би ја повлекло и Рељиќ во репасажот и битката за бронза.

Претходна вестАнтикорупциската комисија ќе го испитува назначувањето на Верзиволи за главен ревизор на ИПА фондовите
Следна вестДвајца осуденици во Затворот Скопје претепани со метални и дрвени предмети