Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски единствен кандидат за замена на Јовески

Од тројца кандидати за нов државен обвинител Советот на јавни обвинители денеска едногласно го поддржа актуелниот републички обвинител Љупчо Коцевски. Тој доби позитивна оценка дека може да биде заменик на Љубомир Јовески кому му истече мандатот.

Членовите на Советот на денешната седница едногласно заклучија тој има големо искуство и ги познава состојбите во Обвинителството.

-Се работи за најсериозен кандидат кој треба да добие апсолутна поддршка од Советот и треба да добие позитивно мислење. Посакувам тој да биде избран. Убеден сум дека ќе може да се носи со функцијата, рече членот Изет Меџити.

Коцевски е дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, како и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство. Кариерата ја почнал како адвокат, па потоа бил дел од Вишото ЈО во Гостивар, а од пред извесно време е дел од републичкото ЈО.

За разлика од Коцевски, за кандидатката обвинителката Лидија Раичевиќ сите дадоа негативно мислење. Обвинителите кои се вклучија во дискусијата ја пофалија за поднесената стратегија за тоа како би ја извршувала функцијата, но сметаа дека Раичевиќ пред се не би можела да се носи со организација на институцијата.

Обвинителката Фатиме Фетаи од старт отпадна како кандидат поради некомплетна документација.

Владата ќе треба избраниот кандидат од страна на Советот на јавно обвинители да го одобри и потоа предлогот да оди на гласање во Собрание. За да биде избран нов државен обвинител, треба пратеничка поддршка од 61 глас. Доколку Коцевски не добие неопходно мнозинство, тогаш постапката се повторува и се распишува нов оглас.

 

Претходна вестОбјавена листата на најмоќните пасоши, македонскиот на 36-то место
Следна вестРобот нападнал работник во фабрика на „Тесла“