Републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом на САД

Републиканците на Доналд Трамп освоија мнозинство во Претставничкиот дом на САД. Ова произлегува од проекциите за резултатите од изборите објавени синоќа.

Демократите на претседателот Џо Бајден ја задржаа контролата врз Сенатот.

-Повеќе од една недела по среднорочните избори на актуелната американска администрација, републиканците обезбедија 218 места – колку што беа потребни за мнозинство во тоа тело на американската законодавна власт, пренесува Гласот на Америка.

Се очекува дека спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес би можел да биде конгресменот Кевин Мекарти – и покрај тоа што засега е неизвесна поддршката на некои од поконзервативните републиканци.

-Американците се подготвени за нова насока, а републиканците во Претставничкиот дом се подготвени да постигнат резултати, напиша Мекарти.

Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, му честиташе на Мекарти, истакнувајќи подготвеност да соработува со републиканците.

Претходна вестФудбалската репрезентација на Македонија на тест со Финска и Азербеџан
Следна вестДенеска ќе дојде ли нов странец за да ни каже – сменете го Уставот?