Незаконско земање на пари за дежурства во болницата, акцелератор наменет за лекување на болните од карциономи кој повеќе од една деценија стои неупотребен, се само дел од неправилностите кои државните ревозори откриле при контролата во битослата болница „Трифун Пановски“.
Акцелераторот е за третман на онколошки заболувања, а набавен бил од Министерството за здравство во периодот од 2012 до 2017 година и чинел близу 1,6 милиони евра.
-Со направениот увид на ЕСЈН врз основа на објавените огласи за јавни набавки и известувања за склучени договори утврдивме дека Министерството има спроведено повеќе постапки во врска со овој аксцелератор. Имено, во текот на 2012 година, склучен е договор за набавка на линеарен аксцелератор во вредност од 1,6 милиони евра, а за поставување на истиот во 2013 година склучен е договор за изградба на бункер во вредност од 761 илјади евра. Во текот на 2017 година е склучен договор за набавка на онколошки информациски системи, системи за запишување и верификување на радиотераписки третман во вредност од 403 илјади евра, пишува во извештајот на ДЗР.
Ревизорите препорачале акцелераторот да се стави во функција.
-Имајќи ја предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетските средства, ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на Болницата во соработка со Министерството за здравство за ставање на апаратот во употреба, се наведува во Извештајот на ДЗР.
Од болницата одговориле дека недостига дополнителна опрема за функционирање на акцелераторот и немаат квалификуван кадар.
Пациентите од Југозападниот регион лани имаа можност да искористата само 39 проценти од термините за здравствени услуги преку Мој термин во Клиничката болница во Битола, покажа увидот на државните ревизори. Со тоа не се целосно достапни законски задолжителните термини за специјалистички прегледи со медицинската опрема која е на располагање. Некои болнички оддели креирале помалку од 50 проценти од задолжителните термини, па така гастроскопија има само 7 проценти, колоноскопија 6 проценти, на инфективно преку Мој термин се искористени 11 проценти
-Од страна на одговорните лица на болницата како причина за настанатат состојба се наведени дефицитарниот кадар во определни организациони единици како и вршење на прегледи без закажан термин во Мој термин, за што не се доставени дополнителни докази, се вели во извештајот на ДЗР.
-Наспроти ова, 36 милиони денари се исплатени по основ на дежурство, без побарана согласност од Министерството за здравство, а за дежурства на немедицински кадар исплатени се 919 илјади денари, што не е во согласност со Законот за здравствена заштита, пишува во извештајот.
Неправилности биле утврдени и при исплата на околу 7 милиони денари за прекувремена работа на 303 вработени, за што не е известен инспектор на трудот и не се воспоставени контроли на бројот на реализирани часови.
-Неосновано за 97 милиони денари биле намалени вкупните побарувања на болницата, а над 6.000 приватни прегледи уплатени се 2 милиони денари помалку пари, утврдиле ревизорите.